Драг посетителу, добродојде во Струга, град на поезијата, културата, просветителите и занаетчиите. Град распослан на две води: на брегот на Охридското Езеро и прекрасната река Црн Дрим со своите волшебни кејови.
Многу писатели и туристички водичи кој го посетиле овој град велат: „Како Струга нема друга“.
Со гордост може да се дека струга е домаќин на меѓународно познатиот фестивална поезијата - „Струшки вечери на поезијата“.
Посетете ја Струга и ќе Ве пречека езерото со сета своја раскош и прекрасни посочни плажи.
Апартманите „Вила Љубица“ се наоѓаат на 50m од брегот на Охридското Езеро, само 2km од Струга, градот на поезијата и на 10km од Охрид.
„Вила Љубица“ Ви нуди одмор за паметење пред се благодарение на љубезните домаќини, беспрекорната хигиена, современиот ентериер.
Еве неколку причини зошто треба да го поминете Вашиот одмор во „Вила Љубица“:
- 4 целосно опремени апартмани во кои се нуди комфор и удобност за четири лица
- 5 удобни и пространи соби за две лица со сопствени купатила